Салата од туна и сусам за витка линија и здрав метаболизам

Доколку сакате да симнете некое кило после празниците, но воедно да се храните здраво и вкусно без диети, салатата од туна и сусам ќе го одржи вашиот метаболизам и витка линија во форма.

salata-od-tuna-i-susam-za-vitka-linija-i-zdrav-metabolizam-1

Сусамот како зачин и дава посебен вкус на оваа класична салата која претставува богат извор на витамини, минерали и го намалува нивото на холестерол во крвта.

Потребни состојки:

  • Свежа сезонска салата
  • Туна во конзерва
  • 50 грама сирење по желба
  • 2 лажички сусам
  • 2 големи лажици оцет Балсамико
  • 2 големи лажици маслиново масло


Начин на подготовка:

Во еден подлабок сад ставете ја туната и свежата сезонска салата, како и сирењето, претходно исечени на мали коцки. Салатата зачинете ја со оцетот Балсамико, маслиновото масло и на крај сусамот.

Може да декорирате со маслинки, кромид или лимон по ваша желба.

Подготовката на оваа салата ќе ви одземе помалку и од 15 минути, а ќе ви даде неверојатни резултати!

salata-od-tuna-i-susam-za-vitka-linija-i-zdrav-metabolizam-2

Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg