Домашни наполитанки: Рецепт кој ги надминува купечките кекси

Култните наполитанки во детството на сите ни беа омилен десерт, па токму затоа нашите мајки и баби се труделе успешно да го импровизираат вкусот на чоколадо и кекс кој се топи во уста.

domasni-napolitanki-recept-koj-gi-nadminuva-kupeckite-keksi-01.jpg

Ако некогаш станете носталгични или едноставно ве фати криза за нешто слатко и крцкаво, ви предлагаме да го пробате овој рецепт за најубавите домашни наполитанки.

Состојки:

  • 4 листа обланди
  • 250g путер
  • 200g шеќер
  • 12 лажици вода
  • 250g мелени ореви
  • 250g мелени бисквити
  • 100g чоколадо за готвење

Подготовка:

Во тенџере ставете ги путерот, шеќерот и водата и мешајте додека состојките не се соединат. Потоа додадете ги оревите, бисквитите и чоколадото. Повторно мешајте додека не добиете крем.

Поделете го кремот на 3 еднакви дела и оставете го да се олади.

Потоа мачкајте на горниот дел од секоја обланда и редете ги додека не ги потрошите. Потоа замотајте ги во мрсна хартија и над нив ставете нешто тешко за да се притиснат.

Оставете ги на студено место, а по желба може колачот да го прелиете со топено чоколадо.

Совет плус: Ако сакате да го засилите вкусот на кремот, откако ќе го направите додајте малку сок од портокал или неколку капки рум.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg