Пробајте: Мандарини во чоколадна глазура

Сакате нешто здраво, но слатко? Ви се смачи едноличниот вкус на мандарините и портокалите кои ги прејадовте последниве неколку месеци? Имаме предлог за поинакво овошни залчиња кои ќе ги обожавате!

probajte-mandarini-vo-cokoladna-glazura-01.jpg

Состојки:

  • 5 мандарини
  • 200g црно чоколадо
  • Путер
  • Кокосово брашно

Подготовка:

На една тава наместете хартија за печење. Излупете ги мандарини на парчиња и добро исчистете ги.

На пареа растопете го чоколадото. Додадете 1 лажичка путер за подобар вкус и полесно размачкување.

Секое парче мандарина до пола брцнете го во чоколадото и ставете го во тавата со мрсна хартија.

Проросете кокосово брашно и ставете во фрижидер 10 минути, додека чоколадото не се стврдне.

probajte-mandarini-vo-cokoladna-glazura-02.jpg

Рецептот може да го промените на секое овошје!

Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg