Лесни чоколадни мафини без брашно
Незаборавно уживање кое се подготвува лесно, брзо и едноставно, а го обожаваат сите - од најстари до најмали.
Идеални за со кафе, чај или како десерт по ручекот, рецептот за овие лесни мафини ќе ви се најде во секој дел од денот.
Состојки:
- 150g чоколадо за готвење
- 125g путер и уште неколку лажички за премачкување доколку не користите хартиени корпи
- 3 јајца
- 90g шеќер + 2 лажици за шлагот
- 100g бадемово брашно
Подготовка:
1. Рерната загрејте ја на 170 степени. Калапите намачкајте ги со путер или обложете ги со хартиени корпи.
2. На пареа растопете го путерот и чоколадото. Додајте ги жолчките, шеќерот и бадемовото брашно. Добро промешајте.
3. Изматете цврст снег од белки и додадете ги двете лажици шеќер. Постепено додавајте го шлагот во смесата со чоколадо и внимателно мешајте.
4. Печете ги мафините околу 30-35 минути.