За мрзливите домаќинки: Брз и вкусен колач што се топи во уста
Ако сакате едноставен и брз колач за кој нема да треба да печете неколку видови тесто и за кој ќе имате време да правите паузи додека го подготвувате, тогаш ова е совршен рецепт.
Се прави во неколку етапи и совршен е за помрзливите домаќинки кои сакаат да ги изненадат домашните со вкусен колач кој се топи во устата.
Состојки:
- 150 g маргарин
- 250 g шеќер
- 4 жолчки
- 250 g брашно
- 1 прашок за печиво
- 100 g ореви, бадеми или лешници
- 2-3 штангли чоколадо
- 2 dl млеко
Подготовка:
Измешајте го маргаринот со шеќерот, додајте ги жолчките, измелените ореви, лешници или бадеми, кои претходно може малку да ги потпечете, и сите останати состојки. Печете 40 минути на 180˚C.
За тоа време малку одморете, па на страна изматете 4 белки додека не добиете густа смеса како шлаг во кој ќе додадете 200 g растопен шеќер со ½ кафена лажица вода, на тивок оган, додека малку не испари. Смесата од шлагот и шеќерот размачкајте ја на колачот кој ќе го извадите од рерната.
На крај прелијте го одозгора со чоколадна глазура која ќе ја направите од 3 лажици вода, 3 лажици шеќер, 100 g чоколадо и 80 g масло.
Оставете го да се излади во фрижидер, а потоа уживајте во секое залче кое ќе ви се топи во устата.