Брзо викенд мезе: Солени ролни од палачинки

Палачинките се едни од наједноставните, но и омилени јадења. Секогаш може да ги декорирате и филувате по желба, а може да ги послужите во секоја прилика.

brzo-vikend-meze-soleni-rolni-so-palacinki-01

Благи со чоколаден крем, банани, мед, ореви или шлаг и солени со сирење, кашкавал, пица комбинација и уште многу различни идеи.

Но, може и да искористете еден понеобичен рецепт за да направите вкусно викенд мезе со пријателите.

Потребни состојки:

  • 2 црвени пиперки
  • 6 јајца
  • 500 ml млеко
  • 150 g брашно
  • 4 лажички масло
  • 4 лажички путер
  • 150 g исечкана шунка на резанки
  • 150 g  сирење исечено на резанки
  • Сол и бибер
  • Салата за гарнир

Подготовка:

Пресечете ја пиперката на пола, извадете ги семките, па исечете ја на ленти.

Јајцата изматете ги со млекото. Додајте го брашното, посолете и додајте малку бибер.

Во еден сад загревајте по една лажичка од путерот и маслото.

Од четвртина од тестото направете палачинки.

Рерната загрејте ја на 200 степени.

Кога ќе ги испечете, врз нив ставете четвртина од шунката и сирењето. Додајте четвртина од исечканата пиперка и тенко исечените резанки сирење. Замотајте ги и ставете ги во огноотпорен сад.

Ставете го садот со палачинки во загреаната рерна и печете ги ролните од палачинки околу 5 минути.

Извадете ги ролните палачинки од садот и исечете ги на подебели резанки од околу 3 cm и наредете ги на загреана чинија за подолго да останат топли.

Декорирајте ги со листовите зелена салата.

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена) Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус. Еден од триков...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg