Слатки предлози: Највкусните десерти со чоколадо
Има многумина кои тешко се воздржуваат да му одолеат на чоколадото. Затоа, ако решите да бидете вредни, со малку труд можете да подготвите ароматичен мус, Моцарт бомбици или сочни тортици.
Ароматичен мус
Состојки:
- 150g црно чоколадо
- 2 јајца
- 50g шеќер
- 200g слатка павлака
- Кесичка ванилин шеќер
- 1 лажица ликер од кафе
- Малку цимет, по желба
Подготовка:
Чоколадото искршете го на парчиња и растопете го на пареа. Тргнете го садот од рингла и со повремено мешање разладете го чоколадото.
Со миксер изматете ги жолчките со обичниот и ванилиниот шеќер и слатката павлака, додека не добиете густа смеса. Во друг сад изматете снег од белки.
Изматените јајца додајте ги во чоколадата, промешајте, а потоа додајте ги и изматените белки.
Кремот истурете го во декоративни чинии и украсете по желба.
Моцарт топчиња
Состојки за тесто (за 18 топчиња):
- 80g црно чоколадо
- 80g путер
- 50g шеќер
- 2 јајца
- 50g брашно
- 50g мелени бадеми
- Чоколаден крем по потреба
- ½ кесичка прашок за печиво
Состојки за крем:
- 100g црно чоколадо
- 100ml слатка павлака
- 100g путер
- 50ml рум
Состојки за премачкување:
- 400g марципан
- 4 лажици шеќер во прав
- 150g црно чоколадо
- 2 лажици рендани ф’стаци
Подготовка:
Тесто
Чоколадото стопете го на пареа. Со миксер изматете го путерот и шеќерот, па додадете ги јајцата. По неколку минутно мешање додајте го чоколадото. Измешајте го и брашното помешано со прашок за печиво и мелени бадеми. Тестото ставете го во плех и печете 180 степени околу 30 минути.
За крем
Загрејте ја слатката павлака, кратко проварете ја и додајте го ситно сечканото чоколадо. Промешајте и оладете, па додајте го путерот и изматете кратко со миксер (5 минути.)
Чоколадниот колач изронете го со раце во еден сад, па додадете рум и малку крем по потреба, за да се направи кашеста смеса. Оладете ја смесата околу 40 минути, а потоа со лажица за сладолед направете 18 топчиња и оладете ги уште 30 минути.
За премачкување
Марципанот изгмечете го со рацете. Посипете ја работната површина со шеќер во прав и растегнете го марципанот. Измерете со едно топче и исечете кругови со соодветна големина. Замотајте ги сите топчиња во марципан и оставете ги да се изладат уште 5-10 минути.
По желба, натопете ги во топено чоколадо и посипете ги со ренданите ф’стаци.
Сочни тортици со карамела
Состојки за 4 лица:
- 75g црно чоколадо
- 50ml слатка павлака
- 6 лажици крема за карамел
- 70g брашно
- 2 лажици какао
- 25g шеќер во прав
- 1 жолчка
- 40g путер
Подготовка:
Во длабок сад измешајте го брашното со какото и шеќерот. Додајте ги парчињата путер и добро измесете ја смесата со раце. Додадете ги жолчките, промешајте и замотајте го тестото во пластична фолија. Ставете го во ладилник околу 30 минути.
Тестото развлечете го со сукало, исечете 4 кругови со пречник околу 10-11 сантиметри и ставете ги во калап за мафини. Печете во рерна на 180 степени околу 15 минути.
Додека тортиците се ладат, на пареа промешајте ја слатката павлака со чоколадо. Карамел кремот распоредете го преку оладените тортици, па прелијте со чоколадната смеса.
Задолжително оладете ги неколку часа пред сервирањето.