Топли и вкусни домашни кифли во 5 чекори
Нема некој што не ги обожава малите меки и топли кифлички. Најчесто се прават за слави и празници, но секогаш се добредојдени на трпезата. Иако ви се чинат дека треба посебна мајсторија, сепак може да ги направите и со 5 едноставни чекори.
Потребни состојки:
- 1 kg брашно
- Мала лажичка сол
- 7 dl млеко
- 2 dl масло
- 1 свеж квасец
- Жолчка за премачкување
- Сусам
Подготовка во 5 чекори:
1. Од брашното, солта, стасаниот квасец и млекото замесете со раце тесто додека не биде изедначено. Потоа додајте масло и повторно замесете го тестото, па оставете го да порасне.
2. Од тестото направете 8 топчиња и секое развлечете го и поделете го на 8 делови.
3. Замотувајте ги кифлите од поголемата страна кон помалата.
4. Наредете ги во плех премачкан со масло или путер. Откако ќе ги подредите премачкајте ги со жолчката и посипете ги со сусам.
5. Печете ги на 200 степени додека не заруменат, околу 20-25 минути!
Може да ги комбинирате со разни додатоци или да ги јадете само нив.