Слатка зимница: Желе од јаболка
Ароматичното желе од јаболка е совршен додаток за сите колачиња кои ќе ги печете оваа есен, а дури и да не стигнете нешто да замесите, одлично ќе ви дојде намачкано на крцкаво лепче.
Подготовката е брза и едноставна, а сега е идеалното време кога треба да ја испробате.
Состојки:
- 3kg кисели јаболка
- 200g шеќер
- 4 стапчиња цимет
- 5 каранфилчиња
- Сок од 1 лимон
- 2kg шеќер за желирање или желатин
Подготовка:
Измијте ги јаболката, исечете ги на четвртини и добро исчистете ги.
Ставете ги во лонец со 1/8l вода и шеќерот, па варете отприлика 8-10 минути. Исцедете ја смесата низ газа.
Сокот од јаболка варете го со зачините, лимоновиот сок и шеќерот за желирање околу 2 минути.
Исцедете и претурете во тегли. Ако сакате, исечкајте неколку парченца од сварените јаболка, па потоа добро затворете ги теглите.
Чувајте ги на студено и темно место.