Пробајте: Мафини на англиски начин
Ако се одлучите да појадувате на англиски начин, тогаш подгответе се за калориска бомба која ќе ви експлодира во устата при првиот залак.
Овој појадок е направен од: пржена сланина, пржени јајца, тост леб, препречен грав, пржени колбаси и печурки, домат, компир и задолжителна чаша сок од портокал.
Заради обилност, во Англија овој појадок не се консумира често, туку обично за викендите кога луѓето имаат повеќе слободно време за да го подготват.
Ако сте обожаватели на пржени јајца и крцкава сланина, тогаш задолжително пробајте го овој англиски рецепт:
Потребни состојки (за 9 мафини):
- 9 јајца
- 15 тенки парчиња тост леб
- 9 парчиња тенка сланина
- 100 грама стопен путер
- Калап за мафини
Подготовка:
1. Секое парче тост добро протапкајте го со помош на рацете, со цел да не се распука додека го ставете во калапот за мафини. Исечкајте го со помош на чаша или калап во облик на круг, па потоа секој дел пресечете го уште на два дела за да добиете полумесечина. Пресечете уште неколку парчиња на уште помали делови, бидејќи ќе ги требаат за дното на калапот.
2. Сланината пропржете ја кратко на тавче, а потоа калапот за мафини премачкајте го со дебел слој од претходно стопениот путер. Потоа, во секоја дупка во калапот ставете по две или по три парчиња тост, зависи колку се големи дупките, свртени кон врвот. Добро притиснете со рацете, со цел тостот да се залепи за калапот, а на дното од секоја дупка ставете од малите исечкани парчиња тост.
3. Над секоја дупка сега ставете од пржената сланина, а над неа скршете по едно јајце и малку посолете.Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, од прилика 20-тина минути, односно мафините ќе бидат готови штом се испечат јајцата.
Внимателно извадете ги мафините од рерна и послужете ги додека се топли заедно со сечкан домат или пиперка.