Нема подобро од домашното: Народни рецепти од коприва
Копривата е лековита билка која помага во лекување на разни болести, а посебно се препорачува на луѓе кои се борат против анемијата и бубрежни заболувања.
Зошто баш коприва?
Копривата е богата со магнезиум и содржи огромно количество на калциум, поради што задолжително се препорачува на трудници и доилки.
Исто така, оваа чудесна билка го засилува помнењето, кое слабее во староста, а нејзиното секојдневно присуство во исхраната е причината заради кои копривата е наречена „фактор за долговечност”.
1. Како да направите домашен сируп од коприва?
Копривата треба да ја берете на места кои не се допир со отрови и издувни гасови, односно берете ја во природа со помош на ракавици.
За 3 литри сок потребно ви е:
- 30-40 врвови млада коприва
- 3 литри ладна вода
- 5-6 лимони
- 1kg шеќер
Подготовка:
Во водата ставете ја копривата и претходно исечканиот лимон, потоа поклопете го садот и оставете го 24 часа. Следниот ден, добро изгмечете ги состојките, процедете ги и додајте го шеќерот. Сирупот повремено мешајте го на шпорет, додека шеќерот не се стопи, па потоа претурете го во суви и чисти шишиња и чувајте го на ладно и темно место.
2. Чорба од млада коприва
Состојки:
- 1 литар млеко
- 1kg млади коприви
- 200g кисела павлака
- 100ml масло
- 50g путер
- 100g брашно
- 2 чешниња лук
- Сол и бибер
Подготовка:
Исчистете ги младите коприви и измијте ги под млаз ладна вода, исцедете ги и исечкајте ги. На масло и путер испржете го брашното додека не се зарумени, а потоа додајте го исечканиот лук и кратко пржете. Додајте ја копривата, прелијте ја со млекото, дотурете малку вода, зачинете по вкус и гответе 10-ина минути. Во готовата чорба ставете ја киселата павлака и послужете ја додека е топла.
3. Чај од коприва
За една чаша е потребна една кафена лажичка коприва, односно листови и стебла. Со врела вода прелијте ја копривата и оставете ја да постои 5 минути. Исцедете и испијте го чајот голтка по голтка.
4. Купка од коприва
Ставете една чаша коприва во големо тенџере и прелијте ја со врела вода. Поклопете го тенџерето и оставете го 10-15 минути, а потоа исцедете и додајте ја течноста во када полна со топла вода. Водата во кадата не треба да биде врела, а доволно е да поседите 20 минути. После купката не се туширајте, туку само избришете се. Останете на топло барем уште 1 час.