Уште еден рецепт од искусните домаќинки: Сок од грозје
Искористете ја сезоната на грозјето на вистинскиот начин, така што дел од ова здраво и вкусно овошје ќе го претворите во сок кој ќе го консумирате преку цела година.
Искусните домаќинки кои секоја година подготвуваат слатка зимница, ве советуваат да го пробате следниов рецепт.
Потребни состојки:
- 5kg црно грозје
- 1,5l вода
- 800g шеќер
- 20g лимонтус
Постапка:
Одвојте ги зрната грозје, па кратко измешајте ги во електрична мешалка. Додајте ја водата и испасирајте ја смесата.
Добиениот сок ставете го во длабок сад, исчистете го од семките и лушпите кои ќе излезат на површина, па додајте го шеќерот и лимонтусот. Варете додека течноста не зоврие.
Жешкиот сок ставете го во стаклени шишиња и добро затворете.
Брзо и едноставно, а корисно. Освен како сок, овој сируп од грозје може да го користите како сос за десерти.