Појадок кој ги развива мозочните функции
Не постои магична храна која ќе ве направи попаметни, но затоа тука се стимулансите кои ја подобруваат вашата меморија.
Во случај да сакате да се подготвите за продуктивниот работен ден од рано наутро, време е да ги вметнете овие неколку појадоци во секојдневието.
1. Кајгана со домат - Освен што е вкусна и хранлива, влијае и на вашите мозочни функции.
2. Тортиља полнета со домат, краставици, карфиол и грашок. Вкусот можете да го зачините со сирење со ниска масленост.
3. Во јогуртот додадете (претходно измиксирани) ореви, боровинки и авокадо.
4. Овошните палачинки се исто така одличен избор, посебно ако се полни со банана.
5. Интегралниот кекс е супер утрински појадок, но само ако ја ограничите количината на 150g.