Освежете се: Направете си сладолед од праска и кокос

Кокосот и праската се вкусови кои прекрасно се надополнуваат, а кога ќе додадете и мајчина душица ќе добиете едно сосема поинакво уживање за вашите сетила.

osvezete-se-napravete-si-sami-sladoled-od-praska-i-kokos-1

Летото уште не е завршено, па искористете го и направете си сладолед од праска и кокос.

Потребни состојки:

  • 4 мали праски
  • 2 лажички мед
  • 5-6 гранки мајчина душица
  • 400 мл кокосово млеко
  • 50 грама кокосов крем

Начин на подготовка:

Измиените праски излупете ги и исечкајте ги на триаголници. Наредете ги во огноотпорна тава и додајте го медот и исечканата мајчина душица. Печете околу 15-ина минути во загреана рерна на 180 степени. Испечените праски ставете ги во блендер, заедно со сокот кој го пуштиле при печењето.

osvezete-se-napravete-si-sami-sladoled-od-praska-i-kokos-2

Додајте го кокосовото млеко и крем, а потоа измешајте ја целата смеса. Оставете ја смесата да се олади, а потоа изматете ја како сладолед со помош на миксер и мешајте додека не се изедначи. Оставете ја да замрзне неколку часа, а потоа послужете го вашиот нов десерт. 

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за домашни гумени бонбони со овошен сок Гумените бонбони се привлечни за децата, а покрај купените од продавни...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg