Подгответе: Мармалад од лубеница
Ако сте љубител на слатките лубеници, сигурни сме дека ви недостасува нивниот вкус во текот на целата година. За да можете почесто да уживате во ова слатко задоволство, додека е сезона подгответе си неколку тегли мармалад од лубеница.
Можете да го мачкате на лепче, да го сервирате со сладолед или пак да ги полните омилените колачи – изборот е ваш.
Потребни состојки:
- 2 kg лубеница
- 2 kg шеќер за желирање
- Сок и кора од 6 лимони
Подготовка:
1. Лубеницата исечете ја на ситни парчиња и исчистете ја од семки.
2. Парчињата лубеница измешајте ги со шеќер за желирање, изренданата кора и сокот од лимонот, па оставете ја смесата да отстои 4 часа.
3. Претурете ја смесата во голем лонец, варете се додека смесата не зоврие. Оставете го шербетот од лубеница да проврие 3-4 минути и тргнете од оган.
4. Добиениот мармалад истурете го во тегли, добро затворете и превртете ги 5 минути да отстојат наопаку.
5. Оставете го мармаладот да се олади неколку дена и сервирајте.