Коктел појадок за идеална линија
Овој рецепт важи за еден од најздравите појадоци, затоа што во себе ги содржи сите витамини и минерали неопходни за подобрување на целокупниот изглед, нормализирање на метаболизмот и зајакнување на организмот.
Овој секојдневен појадок ќе ви овозможи да ги елиминирате токсините од организмот, а воедно согорува масни наслаги и ја нормализира тежината.
По 1 месец редовно консумирање на овој коктел појадок ќе изгубите 3-5 килограми.
Состојки:
- 300ml кефир
- 2 супени лажици овесни снегулки
- 1 кафена лажица мелени семки од лен
- 1 кафена лажица какао во прав
- 5-7 суви сливи
Подготовка:
Појадокот се подготвува од вечерта за утредента.
Започнете така што сливите ќе ги прелиете со 100ml вода, ќе ги поклопите и оставите да отстојат 10 минути.
Во меѓувреме, во една чинија ставете ги снегулките, меленото ленено семе и какаото. Прелијте со кефир и добро измешајте.
Нараснатите сливи можете да ги исечкате или изблендирате, па да ги додадете во смесата.
Добро промешајте и оставете го појадокот во ладилник. Утредента, консумирајте го студен, а по него напијте се 1 чаша вода.
Резултатите ќе бидат брзо и лесно видливи.