Идеално за со пиво и фудбал: Домашен чипс готов за 15 минути
Чипсот е една од најомилените грицки заедно со пивото, а уште повеќе ќе го засакате откако ќе откриете колку е лесен за подготовка.
За само 15 минути пред фудбалскиот натпревар, еве какво крцкаво уживање можете да подготвите.
Потребно ви е: 1 голем компир, зачин, малку сол, масло
Подготовка: Излупете ги компирите, па така насечкајте ги или изрендајте ги на тенки кругови. Потопете ги во чинија со ладна вода, затоа што отстранувањето на вишокот скроб ќе ви помогне да добиете крцкав чипс.
На послужавник или чинија која смее да се стави во микробранова ставете хартија за печење, па потоа наредете ги круговите компир. Водете сметка да зафаќаат само еден слој, не ги редете едни над други.
Пропрскајте со малку масло, посолете и зачинете. Печете го компирот во микробранова околу 5 минути на највисока температура. Оставете го да се олади 1 минута, а потоа печете го уште 4 минути.
Повторете ја постапката со преостанатите парчиња компир, наточете си пиво и уживајте!