Вкусен пудинг по рецепт на Џесика Алба
Покрај тоа што е една од најубавите холивудски глумици, таа е и мајка на две деца која се грижи за здравиот начин на исхрана и сама си подготвува вкусни рецепти.
Ако досега се прашувавте како ја одржува витката линија, дали јаде благо и како се храни за да изгледа толку убаво, Џесика ви открива еден од тајните рецепти за сладок пудинг.
Состојки:
- 3 мали длабоки чинии со ситно сечкан леб без глутен
- 2 јаболка, ситно исечкани
- 2 банани, исто така исечкани
- ¼ шолја со млечен безглутенски чоколаден чипс
- 1/3 шолја кафеав шеќер
- Цимет по желба
- Ванилин шеќер
- 6 јајца
- 3 шолји кокосово млеко
Подготовка:
На дното од садот рамномерно распоредете го лебот, а потоа додајте ги јаболката и бананата.
Преку овошјето посипете го чоколадниот чипс. Изматете ги јајцата, млекото и ванилиниот шеќер во голем сад и со таа смеса прелијте ги претходно наредените состојки.
На врвот посипете кафеав шеќер.
Загрејте ја рерната на 325 степени за печење и потпечете 10тина минути.