Сон на секој пивопиец: Кромид, сланина и кригла пиво
Само што ќе помислите дека нема нешто повкусно од кромид или сланина, заедно со студено пиво, овој трик ќе ви ги спои сите три задоволства.
Следен пат кога ќе добиете желба за сочно мезе кое со денови ќе се раскажува, еве за што да се одлучите.
Започнете со само 4 состојки: Кромид, парчиња сланина, доматно пире или лут сос и зачин по желба.
Исечкајте го кромидот на 3 дела, по ширина како на сликата.
Раздвојте ги прстените и премачкајте ги со доматно пире или лут сос, изборот е ваш.
Замотајте 1-2 парчиња сланина околу него и зацврстете ги со чепкалки.
Пржете ги прстените околу 30тина минути на тивок оган, додека сланината не изгледа крцкава, а кромидот омекнат.
Подгответе си сос од мајонез и кисели краставички, лут кечап и оригано или пак слатко кисел сос од мед и сенф.
Во едната рака земете сочен прстен од кромид, во другата кригла пиво и живејте го сонот!
На здравје!