Вкусна карбонара за добар метаболизам

Сте слушнале ли за карбонара? Доколку сте љубител на тестенини и лесна храна, овој рецепт не смеете да го изоставите од вашата листа на вкусни јадења.

vkusna-karbonara-za-dobar-metabolizam-1

Популарно, италјанско лесно јадење кое нема да ви одземе повеќе од еден час, а црниот бибер и лукот во неа ќе ја подобрат работата на вашиот метаболизам и ќе ви дадат чувство на ситост.

Погледнете како да ја подготвите вкусната карбонара на едноставен начин.

Состојки:

  • 350g тестенини со форма по ваша желба
  • 8 дебели, ситно исечкани парчиња сланина
  • 1 ситно исечкан кромид
  • 2 дробени чешниња лук
  • 3 јајца
  • 60 - 70g рендан пармезан
  • 100g хопла
  • сол и црн бибер
  • магдaнос

Подготовка:

Ставете ги тестенините да се варат. Додека се варат, испржете ја сланината додека не стане крцкава. Потоа извадете ја од тавчето и ставете ја на кујнска хартија.

Во тавчето со маста од сланината на средно ниска температура пржете ги кромидот и лукот додека да добијат светлокафена боја. Ставете ги настрана.

Во сад измешајте ги јајцата, пармезанот, хоплата, солта и црниот пипер. Кога ќе се сварат тестенините, исцедете ги, но оставете настрана една чаша од водата во која се вареле.

Префрлете ги тестенините во сад. Додека се многу врели и сè уште испаруваат, полека прелејте ги со смесата од јајца, мешајќи ги цело време.

Смесата ќе стане густа и треба убаво да се спои со тестенините. Ако има потреба, дотурете малку од врелата вода во која се вареа тестенините.

Додајте ги сланината, кромидот и лукот. Додајте го остатокот од смесата, мешајќи додека сè се соедини.

Украсете со магдонос. Послужете ги додека тестенините се жешки со чаша црвено вино која одлично ќе се вклопи со вкусната карбонара.

Добар апетит!

vkusna-karbonara-za-dobar-metabolizam-4

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Макарони во сос од тиква и морско оревче - вкус кој асоцира на есен Најубавите есенски вкусови споени на едно место - тиква, морско оревче и тестени...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Кремасти тестенини со сланина, пилешко и многу кашкавал Иако се малку „тешки“ поради комбинацијата од сланина, пилешко и кашкавал, па не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg