Испробајте: Поинакви првомајски ражничи

Веруваме дека веќе испланиравте каде, со кој и како ќе го поминете првомајскиот одмор. Меѓутоа, има големи шанси да не одлучивте што ќе јадете.

isprobajte-poinakvi-prvomajski-raznici-01

Доколку ви досади стандардната салата и скарата која секоја година исто се подготвува, а сепак сакате да си подготвите нешто брзо и едноставно, ви предлагаме да „набоцкате“ малку поинакви ражничи.

Вегетаријански ражничи

Состојки:

  • Тиквица
  • Црвена пиперка
  • Жолта пиперка
  • Тиква
  • Кромид
  • Печурки
  • Печен компир
  • Варени мали домати

Излупете, исчистете и исечкајте на мали парчиња.

За маринирање потребно ви е малку маслиново масло, соја сос, лимонов сок, малку лук, мед и оригано.

Ставете го зеленчукот на стапчиња, истурете ја маринадата врз него, загрејте ја скарата и печете 15 минути од сите старани.

isprobajte-poinakvi-prvomajski-raznici-02


За љубителите на морски плодови

Сотојки:

  • 1kg излупени шкампи
  • 4 лажички магданос
  • Свеж босилек
  • Маслиново масло
  • 3 лажици сок од свеж портокал или лимон
  • Сол, бибер
  • Лук по желба

Сите зачини измешајте ги со маслото и сокот, а потоа во смесата валкајте ги шкампите и редете ги на стапче.

Печете на скара 5-6 минути, додека не заруменат.

isprobajte-poinakvi-prvomajski-raznici-03


Слатки ражничи

Состојки:

  • Црна чоколада
  • Свежи јагоди
  • 2 банани

Исечкајте ги јагодите и бананите на кругови и наизменично наредете ги на стапче.

Завиткајте ви во алуминиумска фолија и нарендајте го чоколадото.

Ставете ги на скара додека чоколадото не се сопи, а овошјето не омекне.

isprobajte-poinakvi-prvomajski-raznici-04

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg