Подгответе плазма бомбици
Во случај да сакате да подготвите нешто слатко за пријателите, или само ви се јаде нешто благо, ви предлагаме да ги пробате вкусните плазма бомбици.
Рецептот е едноставен и лесен, а ќе ви биде потребно малку повеќе од половина час за подготовка на овој вкусен десерт.
Плазма бомбиците одлично ќе се вклопат со празничниот пикник, и ќе бидат навистина пријатно изненадување за пријателите.
За подготовка на овој вкусен десерт ќе ви бидат потребни:
- 300 грама мелена Плазма
- 200 грама шеќер во прав
- 250 грама маргарин
- 2 лажици рум
- 2 лажици какао
Начинот на подготовка е следниот:
Во длабок сад ги ставете плазмата, шеќерот, какото и румот.
Маргаринот растопете го на ниска температура, додека целиот не се растопи. Додадете го во садот со останатите состојки и мешајте додека смесата не се соедини.
Потоа обликувајте бомбици и ставете ги во фрижидерот.
Бомбиците по желба можете да ги прелиете го темно чоколадо или да ги извалката во ореви.
Добар апетит!