Вкусот на Медитеранот - Подгответе шпански специјалитети по оригинален рецепт

vkusot-na-mediteranot-podgotvete-spanski-specijaliteti-po-originalen-recept-02

Шпанската е една од најинтересните европски кујни која изобилува со маслинова масло, свеж лук, пиперки, домати, јајца, компир и разни зачини.

 Пробајте некој од вкусните рецепти за појадок, ручек или вечера.

Омлет од компири

vkusot-na-mediteranot-otkrijte-gi-spanskite-specijaliteti-1

Потребно:

  • 4 компири
  • 8 јајца
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер

Подготовка:

Излупете ги компирите, исечете ги на кругови, а потоа секој круг на четири дела. Пржете ги во врело масло додека не станат крцкави. Посолете, додајте ги во чинијата со изматени јајца со малку сол. Целата мешавина пропржете ја на маслиново масло. Ова е одлично и како топло и како ладно предјадење.


Кралски јајца

vkusot-na-mediteranot-otkrijte-gi-spanskite-specijaliteti-2

Потребно:

  • 8 јајца
  • 90 гр. путер
  • 30 гр. брашно
  • 0,5 л млеко
  • 1 дл слатка павлака
  • 150 гр ориз
  • 20 гр рендан пармезан
  • 1 лажичка зачин
  • Лимонов сок
  • Сол и бибер

Подготовка:

Јајцата нека бидат тврдо варени и излупени. Одделно подгответе бешамел сос со 50 гр путер и брашно, пржете многу кратко. Додадете ладно млеко и зачин, па варете го сето тоа и постојано мешајте околу 5 минути, додека сосот не се згусне. Додајте малку лимонов сок, бибер и слатка павлака. Во посебен сад на останатиот растопен путер кратко пропржете го оризот. Додадете му околу 3 децилитри вода, малку посолете и оставете го да се зготви. Потоа ставете го во огноотпорен сад, врз него наредете ги тврдо сварените јајца пресечени на пола и сето тоа прелијте го со бешамел сосот.


Паелја

vkusot-na-mediteranot-otkrijte-gi-spanskite-specijaliteti-3

Потребно:

  • 750 гр ориз
  • 12 парчиња пилешко месо
  • 150 гр бел грав
  • 300 гр грашок
  • 2 домати
  • 12 ракчиња со кора
  • 2 чешниња лук
  • 1 зелена пиперка
  • 1,5 л пилешка супа
  • 2 кесички шафран во прав
  • 12 школки
  • 4 лажички маслиново масло
  • Сол и бибер

Подготовка:

Пропржете го пилешкото месо на маслиново масло во голем и длабок сад. Додајте го грашокот и пржете неколку минути. Потоа додајте го лукот, пиперката исечкана на коцки и доматите. Измешајте добро и додајте ја пилешката супа. Оставете го сето тоа да се вари околу 15 минути. Додајте го оризот, сол и бибер и мешајте со дрвена лажица. Додајте ги шафранот, ракчињата, школките и гравот. Мешајте додека не се впие супата. Мора да се вари на слаб оган најмалку 15 минути. Пред сервирање оставете го да отстои неколку минути.


Гаспачо чорба

vkusot-na-mediteranot-otkrijte-gi-spanskite-specijaliteti-4

Потребно:

  • 2 лажички масло
  • 2 лажички брашно
  • 4 лажички пире од домати
  • 6 дл јогурт
  • 2 главици кромид
  • 3 јајца
  • 3 поголеми домати
  • 3 бабури
  • 150 гр шунка
  • 2 лути пиперчиња
  • 2 парчиња леб
  • 1 л вода

Подготовка:

Од маслото и брашното направете мала запршка. Оставете ја да се излади. Додајте ладна вода, полека мешајте и оставете ја да поврие. Додајте го доматното пире, посолете по вкус. Додајте го јогуртот, добро изладете ја во фрижидер. Во посебни чинии подгответе кромид, тврдо варено јајце, бабура, шунка, краставица, лутите пиперчиња и пржениот леб. Чорбата послужете ја ладна, а секој од гостите според вкусот ќе ја посипе во чиничето што ќе го одбере.


Крем Каталина

vkusot-na-mediteranot-otkrijte-gi-spanskite-specijaliteti-5

Потребно:

  • 2 лажички густин
  • ½ л млеко
  • 1 стапче ванила
  • 1 стапче цимет
  • 4 жолчки
  • 120 гр шеќер
  • ½ лажица вода

Подготовка:

Густинот помешајте го со малку млеко, остатокот ставете го да се вари, па додајте ги стапчињата ванила и цимет. Жолчките и 60 гр шеќер изматете ги со жица. Од млекото извадете ја ванилата и циметот мешајќи полека додавајте го свареното млеко о изматените жолчки. Садот ставете го на пареа, додадете го разматениот густин и мешајте додека сето тоа не се згусне. Сипете го во мали чинии и оставете ги во фрижидер 3-4 часа. На остатокот од шеќерот додадете пола лажица вода, за да се стопи и да добиете убава карамел боја. Тенок слој од врелата карамела сипете ја преку површината на кремот во чиниите и оставете ги уште половина час да се изладат.

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg