Брзи рецепти за вкусен оброк во канцеларија
Наместо да се упатите кон најблиската пекара, вреди да посветите малку поголемо внимание на вашата исхрана, пред да стигнете на работното место и да си подготвите вкусни, хранливи оброци од дома.
Да, лиснатите теста делуваат вкусно, но по извесно време потребно ви е освежување. Плус, она што ќе го приготвите точно знаете колку витамини и калории содржи.
Еве неколку лесни, брзи и вкусни предлози што да подготвите уште утре:
Зачинет намаз од сирење
Состојки:
- 250g свежо кравјо сирење
- 150ml кисела павлака
- 1 лажичка сол
- Зачини по желба (кари, бибер, вегета)
Сите овие состојки измешајте ги во еден пластичен сад, а кремот кој ќе го добиете намачкајте го на неколку кришки интегрален леб.
Додајте домати, краставици или листови марула и за помалку од 10 минути имате здрав канцелариски оброк.
Доколку ви остане вишок од солениот крем, слободно можете да го затворите во пластичен сад или тегла и да го користите во следните 5 до 6 дена.
Италијанска салата
Состојки:
- 500g макарони
- 150g моцарела
- 10 мини домати
- 100g црни маслинки
- Сок од половина лимон
- 1 лажица оригано
- Маслиново масло
- Сол
Сварете ги тестенините и посипете ги со маслиново масло. Додајте ги коцките моцарела, половинките мини домати и маслинките без семка.
Помешајте со зачини и лимонов сок и за околу 20тина минути имате свежа и сочна италијанска салата.
Мини мафини со вкус на пица
Состојки:
- 115g брашно
- 3-4 лажици прашок за печиво
- 180ml млеко
- 1 јајце
- 150g сирење или кашкавал по желба (може и мешавина од повеќе видови)
- 120g салама по избор
- Парчиња домат
Сите состојки за тестото измешајте ги и ставете ги во калап за мафини, претходно премачкан со масло.
Калапот наполнете го околу 2/3 и ставете го тестото да се пече 15-18 минути на 200 степени.
Последните неколку минути од печењето проросете го сирењето и кашкавалот, ситно исечканата салама и додадете по едно парче домат за освежителен вкус.