Овие намирници се највкусната замена за чоколадото

Речиси секое овошје или барем повеќето, се одлична замена за вашата омилена чоколада. Затоа, на масата чувајте сад со овошје кое ќе биде посебно слатко, како би ја задоволиле вашата максимална потреба за шеќер.

ovie-namirnici-se-najvkusnata-zamena-za-cokoladoto-01

Покрај тоа, еве кои намирници ќе ви помогнат да му одолеете на млечното чоколадо:

Мед - Кога ќе го почувствувате оној нагон „морам да јадам нешто многу слатко“, посегнете по мед. Доволно е сладок за да ја задоволи вашата потреба, а е далеку поздрав од чоколадните коцки.

Сладолед - Добра вест е дека постојат сладоледи без шеќер или оние поздравите, кои самите може да ги подготвите. Додајте парчиња од своето омилено овошје, лажица мед и јогурт и имате домашен, здрав десерт.

Јогурт - Без оглед на тоа дали е полномасен или со ниска количина маст, јогуртот е одличен начин да ја задоволите потребата за нешто слатко.

Овошје и чоколадо - Тоа што сакате здраво да се храните, не значи дека од исхраната целосно треба да ја отфрлите чоколадата. Црната варијанта со над 70% какао е одлична замена за млечната, посебно ако ја измешате со свежо овошје.

ovie-namirnici-se-najvkusnata-zamena-za-cokoladoto-02

Домашни колачи - Кога ќе ви се пријаде некое колаче, научете домашен рецепт. На тој начин ќе знаете што содржи и вкусот ќе го менувате по своите желби и потреби.

Овесна каша - Овесната каша не е само утрински оброк. Исто така, ако во неа додадете ореви, суво грозје или мед, ќе уживате во нешто слатко и здраво.

Чоколадни пуканки - Кога ќе ви се пријаде нешто слатко, направете си пуканки. Само што овој пат наместо сол, ќе ги прелиете со 4-5 коцки растопено темно чоколадо. Пуканките содржат помеѓу 50 и 70 калории, така што може да ги јадете без грижа на совест.

Печено јаболко - Испеченото јаболко или крушка е здрава алтернатива која може да ја зачините со ореви, мед или цимет.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg