Брзо и сочно мезе за страсни пивопијци
На прв поглед изгледа прекрасно, но многумина нема да знаат за што се работи сè додека не го вкусат. Па, зашто да не ги изненадите верните пивопијци со вакво мезе?
Се работи за цвет од голем кромид, оригинално наречен Onion bloom. Изгледа креативно и по малку комплицирано, но ќе се изненадите од неговата едноставност.
Потребен ви е еден голем кромид, во зависност од тоа за колку лица ќе подготвувате мезе.
Добро излупете го, измијте го и исечете го како на фотографијата. Ситно и прецизно, сè додека не започне да наликува на цвет.
Потоа, изматете 2 јајца, половина шолја млеко и 6-7 големи лажици брашно и добро прелијте го кромидот со оваа течност. Истурете лебни трошки, сусам и зачини по желба и погрижете се добро да се залепат за целата површина.
Пржете го кромидот во длабоко масло или во фритеза. За помалку од 10 минути ќе добиете мезе какво отсекогаш сте посакувале.
Во средината декорирајте со сос по желба - тартар, кечап, мед и сенф... И послужете со студени кригли пиво.
На здравје!