Уживајте во тестенините како вистински Италијанци
Ако до сега не научивте да јадете тестенини, соочувањето со чинија полна шпагети и сос знае да биде непријатно. Дали да користите нож и виљушкаили само виљушка? Еве каде грешите.
Цезар Касела, познатиот италијански готвач ви порачува: Оставете го ножот! Долгите тестенини треба да останат долги.
Зошто? Италијанците го сметаат за лош манир сечењето на тестенините додека јадете. Дури кажуваат дека е можно да го процените карактерот на човекот според начинот на кој ги консумира истите.
Лажица? Лажицата сепак може да ја искористите. Со нејзина помош полесно ќе ги намотате тестенините на виљушката.
Прелив и зачини: Не претерувајте. Кога јадете тестенини, не треба да ги натрупате со преливи. Готвачот и онака веќе ги зачинил, верувајте во неговите вештини.
Италијански трик за крај: Ако сакате да ја дојадете пастата како што тоа го прават Италијанците, земете парче леб и исчистете го остатокот од тестенините со сос од чинијата. Тие ова го нарекуваат „fare la scarpetta“ трик.