Брз ручек: Печен компир полнет со кашкавал и сланина
Ако и вие сте љубител на компирите на 101 начин, овој дефинитивно ќе ви биде еден од омилените.
Кога немате голема желба за гответе, а сакате да уживате во неколку вкусни залчиња, ви предлагаме да го испробате овој сочен рецепт.
Покрај тоа, можете да го послужите на сите кои ги сметате за вистински гурмани. За момент ќе го освоите нивното срце.
Време за подготовка: 15 минути
Време за печење: Околу 1 час
Потребно ви е:
- 1-2 голем компир по лице
- Кашкавал, сирење, сланина
- Сол
- Маслиново масло или путер
- Кари, презла, пармезан, зачини по желба
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги компирите, измијте ги и со остар нож исечкајте ги на ситни парчиња, но не до крај.
Посолете и резовите пополнете ги со кашкавал, сирење и сланина. Така подготвен компирот распоредете го на мрсна тава за печење.
Печете половина час, а потоа извадете го компирот и посипете го со зачините, пармезанот или презлата.
Вратете ги да се допечат уште половина час.
По желба прелијте ги со сос од слатка павлака и печурки, 5 минути пред да ги послужите.