Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Подгответе: Празнична чоколадна торта со вишни

За празниците кои следуваат сигурно ви се потребни неколку идеи за слатки изненадувања. Оваа чоколадна торта со освежувачка нота од вишни е правиот новогодишен избор.

podgotvete-praznicna-cokoladna-torta-so-visni-01

Потребно ви е:

  • 150g млечно чоколадо
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 140g шеќер
  • 175g брашно
  • 3 јајца
  • 3 лажици млеко
  • 1 банана
  • 140g путер
  • 140g замрзнати вишни
  • 150g слатка павлака
  • 200g бело чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени. Подмачкајте ја тавата во која планирате да ја печете тортата.

Ставете го брашното, прашокот за печиво и шеќерот во голем сад. Додајте ги јајцата, млекото и растопениот путер. Матете со миксер околу 2 минути.

Изрендајте го чоколадото и заедно со испасираната банана додајте ги во смесата.

Рамномерно распоредете ја смесата во плехот и печете 25-30 минути.

Извадете ја тортата и оставете ја да се олади. Во меѓувреме растопете го белото чоколадо.

10-15 парчиња од вишните до пола потопете ги во чоколадото, а потоа наредете ги на алуминиумска фолија. Оставете ги да се оладат 5-10 минути.

Во преостанатиот дел од чоколадото додајте ја слатката павлака и матете неколку минути. Исечкајте ги вишните, додадете ги во кремот и премачкајте го филот врз или во средината на чоколадната торта. Од горе наредете ги вишните.

Добро оладете ја тортата пред послужување, декорирајте по желба со слатки зачини или чоколадни фигури и уживајте!

podgotvete-praznicna-cokoladna-torta-so-visni-02

Би можело да ве интересира:

Чоколадна баклава со крем од ф’стаци Ако сте љубител на баклава, но и на ф’стаци, тогаш нема да можете да му одолеете...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Лесни рецепти со кои ќе ги искористите преостанатите жолчки и белки Од белките направете омлет, а жолчките можете да ги искористите за сладок крем о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg