Зимска торта од костени и чоколадо
За сите љубители на слаткиот спој од костени и чоколадо, имаме едно вкусно изненадување. За да го подготвите потребен ви е најмногу 1 час, а ќе можете да уживате во него во студените зимски денови.
Потребно ви е:
- 250g сенаменско брашно
- 120g квалитетно какао во прав
- 50g чоколадо за готвење
- 1 лажица прашак за печиво
- 2 лажици сода-бикарбона
- 230g шеќер
- 2 лажици екстракт од ванила
- 260g пире од костени
- 2 јајца
- 230 ml млеко
- 230ml кафе, по можност еспресо
Подготовка:
1. Со малку масло премачкате го калапот за торта во кој ќе ја печете смесата и загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Посипете го брашното, какаото во прав, прашакот за печиво и содата во голем сад. Додајте го и шеќерот, екстрактот од ванила, пирето од костен, јајцата и растопеното чоколадо. Прелијте со млеко и мешајте додека смесата не се соедини. На крај додадете го кафето.
3. Мешавината истурете ја во калапот и печете на средна температура околу 40-50 минути. За да проверите дали тортата е готова, боцнете ја со метално стапче во средината. Доколку стапчето е чисто откако ќе го повлечете, тогаш тортата е подготвена за сервирање.
4. Оладете ја тортата околу 5-10 минути, а потоа превртете ја на голема чинија. Посипете со какао или цимет, додајте уште малку екстракт од ванила и декорирајте по желба.