Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Брзи празнични колачи со кои ќе ја разубавите новогодишната трпеза

Без оглед дали за празничните денови ќе бидете сами, со семејството или ќе имате гости, трпезата ќе биде многу повпечатлива и „посреќна“, ако на неа принесете и колачиња направени во новогодишен стил.

3-tipa-praznichni-kolachi-so-koi-kje-ja-razubavite-novogodishnata-trpeza-01.jpg

Освен што новогодишната вечер не може да помине без само руска, кифлички и вкусна храна по ваш избор, сигурно сакате трпезата да ви биде и убаво украсена.

А за тоа, во голема мера може да придонесат колачињата направени во празничен дух (елки, ѕвездички, еленчиња и слично), кои ќе ја разубават.

На овие колачиња најмногу ќе им се радуваат најмладите, ама веруваме дека ни возрасните нема да останат имуни.

Ова се 6 типа празнични колачи, со кои ќе ја разубавите новогодишната трпеза (без оглед дали се само за вас или ќе ви дојдат гости).

Еленчиња од Орео колачи

4-tipa-praznichni-kolachi-so-koi-kje-ja-razubavite-novogodishnata-trpeza-02.jpg

Потребни состојки:

  • 1 млечно чоколадо
  • 1 пакување Орео колачи
  • Црвени M&M бонбони
  • Бели M&M бонбони
  • Переци
  • Дрвени стапчиња за сладолед

Начин на подготовка:

  • Стопете го чоколадото и ставете го во мал длабок сад.
  • Во средината на секое Орео колаче ставете стапче за сладолед, па потопете го во стопеното чоколадо.
  • Переците поделете ги на половина, па ставете ги врз чоколадното Орео (за да претставуваат рогови на еленот).
  • На крајот ставете едно црвено бонбонче на средината (на местото на носот) и две бели бонбони за очите.
  • Зениците можете да ги направите со стопеното чоколадо (на пример со чепкалка да ставите по една чоколадна капка во средината на бонбончето).
  • Украсете ги со машничка (може да најдете во поголемите маркети или специјализирани продавници), па наредете ги во чинија и послужете ги.

Видео постапка:

Дедомразовски капи

3-tipa-praznichni-kolachi-so-koi-kje-ja-razubavite-novogodishnata-trpeza-03.jpg

Потребни состојки:

  • 150g Орео колачи
  • 60g слатка павлака
  • Црвен гел за храна (или боја во порав)
  • 300g бело чоколадо
  • 50g кокос
  • Мини манчмелоу (или обични кои ќе ги исечете на помали парченца)

Начин на подготовка:

  • Во процесор за храна сомелете ги орео колачињата (или ставете ги во кеса и издробете ги со толчник, но да бидат многу ситни).
  • Додајте ја слатката павлака и спојте ги двете состојки за да добиете компактна смеса.
  • Направете топчиња кои со рацете ќе ги обликувате во вид на конус.
  • Стопете 250g од белото чоколадо, па во него додајте ја црвената боја.
  • Секое колаче ставете го во црвената чоколадна смеса, а потоа ставете ги во фрижидер околу половина час да се стегнат.
  • Останатите 50g бело чоколадо стопете ги и ставете ги во длабок сад.
  • Долниот дел од колачето ставете го во белото чоколадо, па во кокос.
  • Манчмелоуто исечете го на мали парчиња, потопете го во бело чоколадо и извалкајте го во кокос.
  • На врвот на секое ставете по малку бело чоколадо, па врз него подготвеното манчмелоу со кокос, за да го добиете врвот на капата.

Видео постапка:

Лиснати ѕвездички со Тофифи бонбони

3-tipa-praznichni-kolachi-so-koi-kje-ja-razubavite-novogodishnata-trpeza-04.jpg

Потребни состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 1 кутија Тофифи
  • 1 јајце за премачкување
  • 50g стопено чоколадо
  • 50g кршени лешници

Начин на подготовка:

  • Развлечете го лиснатото тесто и на едната половина наредете ги Тофифи бонбоните, па втората половина префрлете ја врз нив (како во видеото).
  • Со калап за ѕвезди, направете колаче од секоја бонбона.
  • Премачкајте со јајце и ставете да се печат на 180 степени.
  • Кога ќе заруменат, извадете ги и ставете да се оладат.
  • Во меѓувреме стопете го чоколадото и искршете ги лешниците.
  • Врз секоја ѕвезда, со лажичка ставете малку чоколадо, па наросете од лешниците.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Елка од ролати и уште 2 празнични рецепти за поубава божиќна трпеза Елка направена од мини ролатчиња од зелени палачинки, корнети во форма на елка о...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg