Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Тестенини со печурки и спанаќ
Потребни состојки:
- 100g тестенини;
- 100g шампињони;
- 70g спанаќ;
- 1 мала пиперка (бабура);
- 120g кромид;
- 5g лук;
- 75g доматен сос;
- 20g брашно;
- 30ml растително масло;
- ½ лажиче сол;
- Прстофат црн бибер.
Начин на подготовка:
- Тестенините се готват според упатството на амбалажата, но немојте да ја фрлате водата во која се готвеле;
- Кромидот се сечка на коцкички и се динста на масло или на вода околу 2-3 минути;
- Се додава ситно исечкана пиперка и исечкани шампињони;
- Состојките се оставаат да се пржат околу 4-5 минути, па се додава ситно исечкано лукче;
- Се додава доматно пире и брашно и состојките се мешаат;
- По ова се додаваат околу 250-300ml вода од зготвените тестенини;
- Се додава сол и црн бибер и се остава сосот да зоврие;
- Се додава исчистен спанаќ искинат на ситни ленти и се остава да отстпи 1 минута;
- Во сосот се додаваат готовите нудли и се остватааѕ да отстојат 5 минути за да го примат вкусот;
- Готовите тестенини може да се сервираат веднаш.
Компир салата со кисели краставички и печурки
Потребни состојки:
- 3-4 поголеми компири;
- 2 кисели краставички (со средна големина);
- 100g шампињони;
- Гранче свеж магдонос;
- 2-3 млади кромитчиња;
- 4-5 големи лажици масло за јадење;
- 1 лажица сол;
- ¼ лажиче црн бибер.
Начин на подготовка:
- Компирите се мијат и се ставаат да се сварат во тенџере;
- Во меѓувреме се сечкаат печурките и краставичките и се ставаат во длабок сад;
- Сварените компири се лупат, се сечкаат и се додаваат во садот;
- Се додава исечкан магдонос и млад кромид;
- На салатата и се додава сол, црн бибер, масло и се меша.
Медени колачиња со суво грозје и јаболка
Потребни состојки:
- 100g шеќер;
- 1 голема лажица мед;
- 100ml инстант кафе;
- ½ лажица сода бикарбона;
- 25ml масло за готвење;
- 175g брашно;
- Прстофат сол;
- 1,5 лажица суво грозје;
- 1 јаболко;
- Прстофат цимет;
- 1 индиско оревче (изрендано).
Начин на подготовка:
- Јаболката се лупат и се сечкаат на мали коцкички, сувото грозје се става во малку млака вода;
- Рерната се загрева на температура од 180 степени Целзиусови;
- Свежо подготвеното инстант кафе се става во мало тенџере и му се додава шеќер и мед;
- Кафето се загрева на рингла додека да се стопат шеќерот и медот;
- Смесата се трга од оган и се додава сода бикарбона и се мати со маталка, додека не се направи пена;
- Се додава брашно, сол, цимет и индиско оревче;
- Смесата се меша со маталка додека да се добие изедначена смеса;
- Во смесата се додаваат коцкички јаболка и суво грозје и се меша со шпатула;
- Тестото се префрла во плех обложен со хартија;
- Колачот се пече на температура од 180 степени околу 25 минути, или додека да добие златно кафеава боја.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...