Рецепт за здрави колачиња од таан и темно чоколадо
-->
Овие колачиња се направени од здрави состојки и нема да зажалите ако посегнете по уште едно плус.
Ако сте обожаватели на таан, тогаш дефинитивно вреди да го испробате овој вкусен и брз рецепт.
-->
Овие колачиња се направени од здрави состојки и нема да зажалите ако посегнете по уште едно.
А, одат одлично и со кафе.
Потребни состојки:
- 240g таан и уште неколку лажички за премачкување
- 150g кафеав шеќер
- 2 јајца
- 30g какао во прав
- 55g сечкано темно чоколадо
- 1 лажица брашно
- ½ лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка екстракт од ванила
- ½ лажичка сол
- Црн сусам за декорирање
Начин на подготовка:
- Загрејте на рерната на 180 степени Целзиусови и намачкајте тава за печење со малку путер или зејтин или обложете ја со хартија за печење.
- Во голем сад измешајте го таанот, екстрактот од ванила и шеќерот. Ставајте ги јајцата едно по едно и мешајте додека не добиете изедначена смеса.
- Ставете ги какаото, брашното, солта и сода бикарбоната и нежно мешајте. Потоа додајте го и сечканото чоколадо и ќе добиете густо тесто.
- Така добиеното тесто ставете го во садот за печење. Откако убаво ќе го распоредите, одозгора премачкајте со неколку лажички таан.
- Печете ги колачињата од 25 до 30 минути, во зависност од тоа дали ги сакате посочни или посуви.
- Оставете ги малку да се оладат, декорирајте ги со црн сусам и уживајте.
-->
-->
М. Ѓ. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Највкусната пица со тесто од карфиол: Рецепт кој ќе ви помогне во слабеењето
Ако сакате пица, со овој рецепт можете да уживате во омилениот вкус без да чувст...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen)
Пилиња од урда, милиброд со џем, пилешко со кари во лиснато тесто - интересни и ...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...