Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
-->
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а препорачливо е да научите да ги приготвувате и вие. Moжете во тек на викенд да направите неколку и да имате подготвено за работната недела.
Ви се јаде чорба, а немате идеја што да зготвите? Сакате во домот секогаш да има добар и здрав ручек?
-->
Пет рецепти за јадења кои ќе ве освојат и со мирис и со вкус (ќе ужива цело семејство):
Грашок
Потребни состојки:
- 500g грашок
- 500g свинско месо (може и пилешко)
- 1 кромид (може и 1 праз)
- 1 морков
- 1 компир
- 3 чешниња лук
- сол, вегета, бибер
- 1 лажичка црвен пипер
- малку копар
- 2 лажици доматен сос
- 1 лажичка лук во прав
Начин на подготовка:
- Кромидот или празот се пржат на масло, па се додава месото исечено на коцки.
- Се додаваат вегетата, биберот и црвениот пипер.
- Кога месото малку ќе зарумени, се додаваат ситно исечканиот компир, морковот и лукот.
- Малку се пропржува, па се додава и грашокот и сето тоа добро се меша.
- Се додава малку копар, доматен сос и сето тоа се прелева со вода.
- Тенџерето покријте го со капак и чорбата варете ја на тивок оган.
- Гответе околу 30-45 минути (проценете сами).
Пилешка чорба
Потребни состојки:
-->
-->
- 2 поголеми копани
- 1kg компири
- масло
- 1 голем морков
- 100ml сок од домати
- 2 главици кромид
- 1 лажичка црвен пипер
- 2 лажици брашно
- бибер
- магдонос
- сол
Начин на подготовка:
-->
- На масло пропржете ги копаните.
- Во тенџерето во кое ќе ја варите чорбата на врело масло пропржете го и ситно исечканиот кромид, па кога ќе се зарумени додајте го морковот исечкан на крукчиња, посолете по вкус, а потоа сипете половина чаша вода и динстајте со повремено додавање на вода доколку е потребно.
- Кога сè ќе биде до половина сварено, додајте ги сокот од домати, исечканите компири и копаните исцепкани на парчиња.
- Задолжително додајте го и маслото во кое се пржеле батаците, бидејќи, тоа ќе му даде посебен вкус на јадењето.
- Додајте половина литар вода и сè заедно гответе додека не биде готово.
- На крајот направете запршка од малку масло, брашно и црвен пипер и додајте ја во чорбата, па варете уште дваесетина минути со повремено мешање.
- Откако ќе ја тргнете чорбата од оган можете да го додадете и магдоносот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
-->