Рецепт за погачици со чварки со неодолив вкус
-->
Овие домашни погачици со чварки се идеални за појадок или за ужинка, а имаат неодолив вкус...
Сигурно сте слушнале дека погачиците со чварки се вистински специјалитет, но дали некогаш сте ги пробале? Се подготвуваат лесно, па ако ви се наоѓаат чварки дома, зошто да не ги замесите?
-->
Потребни состојки:
- 40g свеж квасец
- 500ml млеко
- 1kg брашно
- 2 жолчки
- 2 лажички шеќер
- 2 лажички сол
- 500g ситни чварки
- 100g лажици свинска маст
- 1 јајце за премачкување
Начин на подготовка:
- Ставете го квасецот да нарасне со млако млеко, малку шеќер и 1 лажица брашно.
- Во посебен сад измешајте ги жолчките, солта и брашното, па додајте го квасецот. Замесете тесто и оставете го да нарасне.
- Уште еднаш премесете го, па расукајте го со сукало.
- Мелените чварки спојте ги со свинската маст, па со смесата премачкајте го тестото.
- Преклопете го на половина, па повторно премачкајте (како во видеото).
- На крајот повторно расукајте кора и со чаша или модла направете погачици.
- Наредете ги во подмачкан плех, па премачкајте ги со јајце.
- Оставете малку да отстојат и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...