Како од ресторан: Рецепт за крцкави свински ребра во рерна

Како да подготвите крцкави, зачинети свински ребра во рерна? Заради овој рецепт ќе заборавите дека сте биле на диета.

recept-za-krckavi-svinski-rebra-od-rerna-01.jpg

Еден од рецептите што ќе им се допадне на сите гурмани. Потребни ви се вкупно 5 чекори за и дома да подготвите крцкави и вкусни свински ребра како од ресторан.

Овој рецепт брзо ќе ви стане меѓу омилените, па заради него лесно ќе заборавите дека сте на диета.

Како да подготвите вкусни свински ребра за викенд ручек?

Потребни состојки:

  • 500g свински ребра;
  • 100g кафеав шеќер;
  • ½ лажиче сол;
  • ½ лажиче црвен пипер;
  • ½ лажиче црн бибер;
  • ½ лажиче лук во прав;
  • 400ml сос за скара.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 150 степени целзиусови;
  • Ребрата се ставаат на парче алуминиумска фолија во плех за печење;
  • Во мал длабок сад се мешаат сувите зачини и ребрата се протриваат со мешавината;
  • Ребрата се виткаат со алуминиумската фолија и се ставаат да се печат на температура од 150 степени околу 2 часа;
  • По ова, се вадат од рерна, се одвиткуваат од фолијата и се премачкуваат со сос за скара;
  • Вака премачканите ребра се враќаат во рерна уште 20 до 30 минути додека сосот да се карамелизира.

recept-za-krckavi-svinski-rebra-od-rerna-02.jpg.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg