Како од кујната на баба: Рецепт за сарма
-->
Празничната сезона не може да помине без сарма на трпезата. Сигурно имате рецепт по кој ја подготвувате и ви е најубава на свет, но секогаш можете да подготвите и сарма според оригиналниот рецепт на нашите баби.
Знаете ли која е тајната на вкусната домашна сарма? Малку свинска маст и расолница за совршен вкус...
-->
Потребни состојки:
- 2,5-3kg листови од кисела зелка
- 800g јунешко мелено месо
- 200g свинско мелено месо
- 150g чадена сланина
- 400g ориз
- 3-4 средни главици кромид
- 100ml масло за готвење
- Сол и сушени зачини по вкус
- Мелен бибер по вкус
- Малку свеж или сушен магдонос (ситно сечкан)
- 3 лажички црвен пипер
- Буковец (по вкус)
- 4-5 лажици свинска маст
- 250ml расолница
Начин на подготовка:
- Кромидот исечкајте го на ситни коцки и пржете го со малку сол додека да зацрвени.
- Додајте ги меленото месо и сланината, која претходно сте ја исечкале на мали парчиња.
- Кожата од сланината не ја фрлајте, туку чувајте ја да ја ставите врз сармата додека се пече.
- Ставете го оризот во месото и пржете малку, па додајте ги сите зачини. Пред да го тргнете месото настрана, ставете го и магдоносот.
- Свиткајте ги сармите и наредете ги во длабоко тенџере на чие дно сте ставиле листови зелка.
- Прелијте ги со жешка вода и 250ml расолница.
- И врз сармите ставете листови кисела зелка, па врз нив парчињата кожа од сланината и свинската маст.
- Покријте го тенџерето со капак или со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна најмалку 2 и пол часа.
- Кога ќе омекне зелката, ќе знаете дека сармата е готова.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...