Рецепт за солена торта од палачинки

Дозволете си да експериментирате со вкусовите, па оваа солена варијанта на палачинките збогатете ја со вашите омилени зачини и додатоци.

solena-torta-od-palachinki-recept-so-koj-kje-gi-voodushevite-vashite-gosti-01.jpg

Доаѓа период на слави, имендени и празници, а притоа секогаш е добра идеја да се проба нешто поинакво и вкусно. Покрај благата варијанта на палачинките, добро е да се пробаат и во солена комбинација, а со нив можете да експериментирате со вашите омилени вкусови, а тие секако ќе бидат одлични.

За подготовка на следниов рецепт ќе ви требаат околу 45 минути, а од овие состојки ќе добиете солена торта доволна за 7 лица.

Потребни состојки:

  • 125g брашно
  • 2 јајца
  • 400ml млеко
  • 50g путер
  • 400g пилешко месо
  • 1 главица кромид
  • Ловоров лист
  • Бибер
  • 1 чешне лук
  • 1g пипер
  • 1 домат
  • 150g кашкавал

Начин на подготовка:

  • Во еден сад изматете ги јајцата, брашното и малку сол. Потоа додајте го млекото и 20 грама стопен путер. Оваа смеса е доволна за да се испржат 12 палачинки.
  • За да направите фил најпрво изрендајте го кромидот и запржете го.
  • Додајте го месото. Зачинете ја смесата со сол, рендан домат, чешне лук, зрна бибер, пипер и ловоров лист.
  • Додајте малку вода. Варете го месото додека не остане само на масло.
  • Земете поголема чинија и наредете ги палачинките, а помеѓу нив ставајте фил наизменично – палачинка, па фил, па палачинка, сè додека не ги потрошите сите, а завршете со палачинка.
  • Истурете го преостанатиот стопен путер и посипете со рендан кашкавал.
  • Пред да ја сервирате, запечете ја кратко во рерна.

solena-torta-od-palachinki-recept-so-koj-kje-gi-voodushevite-vashite-gosti003.jpg

solena-torta-od-palachinki-recept-so-koj-kje-gi-voodushevite-vashite-gosti002.jpg

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg