Рецепт за посен ориз со соја топчиња на мексикански начин
-->
Мексиканската кујна не е многу застапена кај нас, но ако еднаш го пробате овој посен рецепт, ќе го готвите често.
Во текот на постите честопати не можете да се сетите што да зготвите. Или, сакате да направите нешто што не сте јаделе, но немате идеја што би било тоа.
-->
Пробајте го овој рецепт за ориз со соја топчиња, сигурни сме дека ќе ви се допадне и ќе го готвите често.
Потребни состојки:
- ½ шолја долгнавест ориз
- ½ шолја сушени соја топчиња
- ¼ шолја ситно сечкани моркови
- ¼ шолја грашок (свеж или замрзнат)
- ½ лажичка ким
- 1 ловоров лист
- Бибер во зрно (по вкус)
- 1 мало стапче цимет
- 2-3 каранфилчиња
- 1 средно голем кромид, тенко исечкан
- 1 зелено чили пиперче, ситно сечкано (или лута пиперка, ако немате чили)
- ¼ лажичка куркума во прав
- 1 ¼ шолја вода
- Сол по вкус
- 1 лажица масло
- Ливчиња нане за украсување
Начин на подготовка:
- Измијте го оризот во 2-3 води и оставете го да отстои во сад со студена вода 15-20 минути.
- И топчињата соја ставете ги во сад со топла вода да отстојат 15 минути. По ова, тие ќе набабрат и ќе бидат скоро двојно поголеми. Истурете го вишокот вода и измијте ги под млаз вода.
- Во тава на среден оган загрејте го маслото, па додајте ги кимот, ловорот, циметот, каранфилчето и биберот. Кога ќе почнат да пукаат зрната ким, во тавата ставете ги исечканиот кромид и зеленото чили пиперче.
- Пржете ги сите состојки додека кромидот не стане проѕирен и стаклест.
- Во смесата додајте ги исечканите моркови и грашокот и динстајте околу 2-3 минути.
- Ставете го оризот (кој сте го исцедиле убаво), па додајте ги и топчињата соја и куркумата. Измешајте сè убаво, па оставете да се динста неколку минути.
- Прелијте го оризот со 1 ¼ шолја вода, па посолете по вкус и варете го на среден оган околу 10-12 минути, но важно е тавата да ја покриете со капак. Не го кревајте капакот додека се вари оризот, бидејќи ако го тргнете, пареата ќе ја снема, а оризот нема да се свари како што треба.
- По 10-тина минути исклучете го огнот, но оставете ја тавата на жешката рингла уште 6-7 минути.
- Откако ќе помнат 6-7 минути, дури тогаш тргнете го капакот од тавата, па со виљушка промешајте го оризот за да се раздвојат зрната. Украсете го со ливчиња нане и послужете го.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...