Сочен колач со капини, мед и бело чоколадо, совршен за сите сезони

Сладок, мек како душа и едноставен за подготовка – овој колач со капини и мед е совршен десерт за секое време од годината.

torta-kapini-med-01.jpg

Капини споени со мед и бело чоколадо се одлична комбинација.

Токму затоа сигурно ќе ви се допадне рецептот за овој сочен колач, кој можете да го правите во секоја сезона.

Потребни состојки:

За џемот:

  • 6 шолји свежи или замрзнати капини
  • ½ шолја мед
  • 1 лажица сок од лимон
  • (по вкус 1-2 лажици сушена лаванда)

За тестото:

  • 1 шолја стопено кокосово масло
  • ½ шолја кисела павлака
  • 3 големи јајца
  • 1, 5 шолјa шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 шолја млеко
  • 3 шолји брашно
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • 1, 5 лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка сол

Прелив од бело чоколадо:

  • 16 лажици солен путер (омекнат на собна температура)
  • 1,5 шолјa шеќер во прав
  • 170g бело чоколадо (стопено и изладено)
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете ги сите состојки за џемот – капините, медот и сокот од лимон, па оставете ја смесата да зоврие и да се згусне, во вид на желе;
  • Ако сакате да експериментирате со вкусот, додадете и 1-2 лажички сушена лаванда;
  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
  • Во друг сад спојте ги кокосовото масло со павлаката, јајцата, шеќерот и ванилата;
  • Матете за да добиете хомогена смеса, а потоа додадете ги брашното, содата, прашокот за печиво и малку сол. Додадете малку млеко и сè измешајте;
  • Ставете ја смесата во тава за печење, па со лажица одозгора ставајте по малку од џемот од капини (како во видеото);
  • Колачот се пече на температура од 180 степени од 30, до 35 минути, или додека да се формира кора на површината;
  • Во посебен сад стопете ги путерот, белото чоколадо и ванилата за да добиете мазна смеса;
  • Откако ќе го испечете колачот, оставете го да се излади, па врз него ставете го преливот од бело чоколадо;
  • По желба можете да го декорирате со капини и да го послужите.

Видео постапка:

https://www.instagram.com/p/CzCNe_OL5In/

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg