Есенски деликатес: Полнети компири со сланина од кои се тегне кашкавал
-->
Неодолив есенски рецепт за деновите кога сакате да останете дома и да уживате со најблиските. Подгответе крцкави печени компири полнети со сланина и кашкавал што се тегне.
Печените компири се омилена храна за многумина, а овој рецепт неодоливо потсетува на храна што се подготвува на логорски оган.
-->
За среќа, можете да ги подготвите и во удобноста на сопствениот дом и да уживате во нивниот неодолив вкус.
Иако во рецептот се ставени и лути пиперчиња, вие ако не јадете луто, слободно можете да ги избегнете.
Потребни состојки:
- 4 поголеми компири;
- 50g путер;
- 150g сланина;
- 4 исечкани лути пиперки;
- 100g крем сирење;
- 100g чедар;
- 4 листови моцарела;
- Масло за јадење;
- 1 лажичка сол;
- 1/2 лажичка црн бибер;
- 4 потпечени лути пиперчиња и сечкан млад кромид (за декорација).
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови. Компирите се мијат и се ставаат на плех за печење, па се премачкуваат со малку масло за јадење и се посолуваат;
- Компирите се печат околу 1 час, односно додека да добијат крцкава кора;
- Во меѓувреме, во тавче на рингла се пржи сланината на малку путер и по желба се додаваат сечкани лути пиперчиња. Сланината се пржи сѐ додека не стане крцкава;
- Кога ќе се испечат компирите, се сечат на половина и со лажица им се вади внатрешноста и се става во подлабок сад. Се додаваат сланината и лутите пиперчиња, крем сирењето, чедарот и се додава 1 лажичка сол и малку црн бибер;
- Состојките се мешаат додека не се добие изедначена смеса, па потоа издлабените компири се полнат со неа, се затвораат со горните делови, па се прекриваат со по едно парче моцарела и се враќаат во рерна додека да се стопи кашкавалот;
- Декорирајте со печени лути пиперчиња, исечкан млад кромид и малку потпржена сланина.
Видео упатство:
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
-->