Вкусно предјадење или додаток: Потпечен зачинет карфиол во Air Fryer
Пазарите се преполни со крафиол. Освен што можете да го испохувате или да го ставите во супа, можете да подготвите и вкусен потпечен карфиол што одлично ќе се вклопи со ручек со месо или, пак, можете да го сервирате како предјадење.
Ќе ви се допадне тоа што овој карфиол се подготвува многу брзо во Апарат за готвење на топол воздух (Air Fryer), а нема да ви остане неред пo подготвувањето на храната.
Потребни состојки:
- 1 глава карфиол (измиена и исечкана на цветчиња);
- 3 големи лажици маслиново масло;
- 2 големи лажици сок од лимон;
- ¾ лажица црвен пипер;
- ½ лажица лук во прав;
- ½ лажица сол;
- ¼ лажица црн бибер.
Начин на подготовка:
- Апаратот за готвење со топол воздух се загрева на температура од 190 степени Целзиусови;
- Цветчињата од карфиолот се ставаат во длабок сад и се попрскуваат со малку маслиново масло и сок од лимон, па се зачинуваат со црвен пипер, лук во прав, сол и црн бибер и се мешаат додека зачините не се распоредат подеднакво;
- Цветчињата од карфиол се распоредуваат во еден слој во корпата од апаратот за печење на топол воздух, и притоа се внимава да не ја преполните корпата;
- Печете од 7 до 10 минути во зависност од големината на цветчињата и на половина од печењето, добро е да ја извадите и да ја протресете корпата за карфиолот да добие убава кафеава боја од сите страни.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Крцкави печени лепчиња со путер и лук
Ова јадење можете да го направите за појадок или вечера - ќе го обожава целото с...

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Лесен и вкусен ролат полнет со варени јајца (кои сигурно ви останале по Велигден)
Се прави од готово лиснато тесто, а се полни со кашкавал, салама и варени јајца ...

Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...