Рецепт за највкусните домашни кроасани со Нутела и готово лиснато тесто
-->
Постои ли поубава комбинација од Нутела и вкусен крцкав кроасан? Пробајте го овој рецепт за домашни кроасани со готово лиснато тесто...
Ако дома имате готово лиснато тесто и Нутела (или некој друг крем) направете ги овие вкусни кроасани. Рецептот е едноставен и брз, а кроасаните се совршени.
-->
Потребни состојки:
- 1 пакување готово лиснато тесто
- 1 тегличка Нутела
- 1 јајце за премачкување
Начин на подготовка:
- Оставете го готовото лиснато тесто малку да се размрзне, па расукајте го да стане малку потенко од тоа што е.
- Преку целата површина ставете Нутела (количината е по ваша желба, но не ставајте премногу за да не се растече) и убаво премачкајте ја преку тестото.
- Преклопете го тестото на половина, па со нож пресечете го на триаголници (како во видеото).
- Секое парче свиткајте го во вид на кроасан.
- Премачкајте ги кроасаните со јајце и ставете ги да се печат околу 20 минути на 200 степени или додека да зарумени тестото (според тоа како ви пече рерната).
- Кога ќе остинат кроасаните, посипете ги со шеќер во прав.
- Можете да ги послужите со сезонско овошје.
Видео постапка:
@mycomfortbakes 3 ingredient nutella croissants! The quickest most delicious dessert 🤤🤤 Bake at 210C for 15 minutes! Keep an eye on them in case :) #baking #nutella #nutellacroissants #croissants #easyrecipe #puffpastry #foodtiktok #bakingtiktok #easybakingideas
♬ original sound - Mycomfortbakes ✨
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
-->
-->