Сочно пилешко полнето со печурки, црвени пиперки и бешамел сос
-->
Ако барате нова идеја за ручек со пилешко, пробајте го овој вкусен рецепт за пилешко со бешамел, полнето со печурки, црвена и зелена пиперка.
Наместо со кашкавал и сланина, наполнете го пилешкото со зеленчук, додајте бешамел сос и кашкавал и ќе имате сочен ручек, прсти да излижете...
-->
Потребни состојки:
- 3 парчиња пилешко филе
- 300g свежи печурки
- 1 мал кромид
- 1 црвена пиперка
- 2 зелени пиперки
- 2 чешниња лук
- Сол, бибер, чили и кари по вкус
- Малку маслиново масло
- 150g кашкавал
За бешамелот:
- 1 лажица путер
- 1,5 лажици брашно
- 1,5 шолја млеко
- Сол, бибер, рендано морско оревче (по вкус)
Начин на подготовка:
- Парчињата пилешко филе исечете ги од едната страна, отворете ги и истенчете ги со толчник. Во тава ставете маслиново масло, па додајте ги печурките, кромидот и лукот, кои сте ги исекле на тенки резанки и пропржете ги.
- Откако ќе испари водата, додадете ги црвените и зелените пиперки, исечкани на ленти, и пржете додека да омекнат. На крај додадете ги и зачините, па промешајте за да се спојат.
- Секое парче пилешко филе наполнете го со 1/3 од смесата, затворете го и премачкајте го со малку масло, сол и бибер.
- Печете во загреана рерна на 200° околу 30-35 минути.
- Во меѓувреме подгответе го бешамелот – стопете го путерот, додајте го брашното и штом почне да се згуснува, сипете го млекото. Мешајте без престан додека да се згусне. Ако ви се направат грутчиња, разбијте ги со електрична маталка.
- Извадете го пилешкото од рерната и врз секое парче ставете 2-3 лажици бешамел. Наросете со рендан кашкавал и вратете го во рерната да се пече додека да зарумени.
- Послужете го со ориз и пире од компири.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез
Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос
Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
-->
-->