Мини американски палачинки со парчиња чоколадо – децата ќе ги обожаваат (видео)

Децата ги обожаваат американските палачинки. Но, ако малку го смените рецептот и додадете чоколадни парчиња во смесата, ќе добијат уште поубав вкус.

mini-palachinki-so-parchinja-chokolado-decata-kje-gi-obozhavaat-video-01.jpg

Мини американските палачинки со топчиња чоколадно се прават многу едноставно. Тајната е - кога ќе бидат готови да ги послужите со чоколаден крем (или со мед, по вкус).

Потребни состојки:

  • 300g брашно
  • Прстофат сол
  • 50g шеќер
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 350ml топло млеко
  • 25ml масло
  • 2 јајца
  • Малку екстракт од ванила
  • 70g чоколадни топчиња

Начин на подготовка:

  • Брашното просејте го и ставете го во длабок сад.
  • Додајте ги шеќерот и прашокот за печиво, па спојте ги сите суви состојки.
  • Додадете го млекото, па јајцата и маслото.
  • Матете со рачна маталка додека не добиете мазна смеса.
  • На крајот додајте малку екстракт од ванила и чоколадните топчиња.
  • Оставете ја смесата да отстои 30 минути.
  • Пржете ги палачинките на загреана тава – ставајте од смесата со мала лажичка.
  • Послужете ги кога малку ќе остинат, со чоколаден крем или мед (по вкус).

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате. ...
Рецепт за мини палачинки со Нутела – ги обожаваат и децата и возрасните Како да ги подготвите популарните мини палачинки со Нутела, на кои децата не мож...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена) Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус. Еден од триков...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg