По рецептот на баба: Домашни еклери, полнети со фил од ванила и прелиени со чоколаден прелив
Дали сте љубители на домашни еклери, онакви какви што често се приготвуваа и во минатото? Тогаш овој рецепт сигурно ќе ви се допадне, а ќе бидете изненадени од тоа колку се лесни за подготвување.
Со овој рецепт ќе приготвите околу 10 големи еклери со слаткарска величина, а иако навидум делуваат мошне комплицирано, доколку внимателно ги следите упатствата, немате премногу простор за грешки.
Како да подготвите вкусни домашни еклери:
Потребни состојки:
За тесто:
- 250ml вода;
- 120g путер (или масло за јадење);
- 120g брашно;
- Прашок за печиво;
- 4 големи јајца (собна температура).
Фил:
- 700ml млеко (студено);
- 1 пакетче инстант пудинг од ванила;
- 250ml шлаг пена;
- 25g шеќер во прав;
- 1 лажица екстракт од ванила.
Прелив:
- 40g чоколада за готвење;
- 2 големи лажици путер;
- 125g шеќер во прав;
- 2-3 лажици топла вода.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 250 степени Целзиусови;
- Во помало тенџере се става водата и путерот и се загреваат на рингла додека да зовријат;
- Тенџерето се трга од оган, му се додава брашното и се меша со дрвена лажица додека да се добие убаво замесено тесто;
- Се додава и прашокот за печиво и се меша, а потоа тестото се остава да се олади;
- Едно по едно, се додаваат јајцата на оладеното тесто и се меша со дрвена лажица додека не се добие изедначена смеса;
- Во плех обложен со хартија, со шприц за тулумби или со лажица се обликуваат еклери и се ставаат да се печат во рерна;
- Првите 10-тина минути еклерите се печат на температура од 250 степени Целзиуосви, а потоа се намалува рерната на температура од 150 степени и се печат уште 20-тина минути или додека не добијат златно кафена боја;
- Пудингот од ванила се вари според упатствата на опаковката, а во друг сад според упатството се меша и шлаг пена;
- Откако пудингот ќе се олади, се додава шлаг пената, шеќерот во прав и екстрактот од ванила и се мешаат додека не се добие изедначен фил, со кој се полнат еклерите. Може да ги пресечете на половина и да ги филувате или да направите дупчиња на дното и да ги полните со шприц;
- Во микробранова печка или на пареа, се топат чоколадото и путерот, а потоа се додаваат шеќерот во прав и се додаваат 2-3 лажици врела вода за да се добие изедначена смеса;
- Секој еклер се премачкува со прелив од чоколадо, а потоа се става да се олади во фрижидер.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...