Освежителен пролетен десерт: Домашен пудинг од лимон, готов за 15 минути
Лимоните, со својата живописна жолта боја и арома, внесуваат уникатен и освежувачки пресврт на традиционалните рецепти за десерти.
Киселоста на лимонот ја балансира слаткоста на засладените задоволства и додава примамлив вкус, а ќе ви се допадне и тоа што овој рецепт се подготвува многу брзо.
Без разлика дали организирате седенка во дворот, уживате во пикник во паркот или едноставно сакате да се почестите со освежителни слатки дома, десертите на база на лимон гарантирано ќе бидат хит ова лето.
Така и на профилот на Инстаграм @nurhkasim објавен е рецепт за вкусен десерт со лимон кој се припрема многу брзо, а сигурно ќе ви се допадне и вам.
Потребни состојки:
- 200g слатка павлака;
- 75g шеќер (можете да го намалите на 50g ако не сакате да ви биде многу благо);
- 25-30ml сок од лимон;
- 1/2 лажица рендана кора од лимон;
- 1 лажичка екстракт од ванила.
Начина на подготовка:
- Во тенџере се ставаат слатката павлака, шеќерот и кората од лимон;
- Состојките се варат 3-4 минути. Не треба да се чека пудингот да зоврие, туку само да почне врие. Бојата на смесата треба малку да потемни и да стане погуста;
- Пудингот се трга од огнот, се додава сок од лимон и екстракт од ванила и се меша;
- Готовата смеса се процедува низ цедалка, за да се отстранат остатоците од кората од лимон и се остава да се излади минута или две;
- Пудингот се сервира во неколку издлабени лимони и пред да се послужи треба да стои во ладилник од 1-2 часа.
Видео упатство:
M. Г. | Црнобело