Фенси бранч оброк готов за 15 минути: Потпечени јајца „Салса верде“
-->
Ако сакате да ги изненадите домашните или пријателите со фенси бранч, ви препорачуваме да им подготвите потпечени јајца со спанаќ, познати како „Салса верде“.
„Салса верде“ е популарен мексикански рецепт кој се подготвува за само 15 минути.
-->
Иако потекнува од Јужна Америка, овој рецепт сè повеќе се готви и во европските земји.
Рецептот има неколку варијации (зависно од кој дел на Мексико потекнува), но сите велат дека тајната е во лутата пиперка.
Потребни состојки:
- 5 лажици маслиново масло
- 1 лажичка лут буковец
- 1 лажиче ким
- 400g домати од конзерва
- 200g свежи чери домати (исечкани на половинки)
- 2 чешниња лук
- 1 мала китка магдонос
- 10-15 ливчиња босилек
- 5-10 ливчиња свежо нане
- 1 лажичка сенф
- 2 лажици бел вински оцет
- 200g беби спанаќ
- 4 јајца
- сол по вкус
- ½ лажичка семки од чили пиперче (по избор)
Начин на подготовка:
- Ставете 1 лажица маслиново масло во тавче и пропржете ги буковецот и кимот околу 30 секунди на средна температура.
- Додадете ги доматите од конзерва и свежите домати. Кога ќе почнат да се прават меурчиња, намалете го огнот и динстајте ги под капак уште 5-6 минути за доматите да омекнат.
- Во меѓувреме, во мини процесор за храна ставете ги лукот, поголемиот дел од магдоносот, босилекот, нането, сенфот, белиот оцет, останатите 4 лажици масло и 3 лажици ладна вода, па матете за да добиете мазна смеса.
- Посолете по вкус.
- Во тавчето со доматите додадете го беби спанаќот, спојте ги и вратете го капакот за да продолжат да се динстаат заедно.
- Кога ќе почне да испарува водата што ја пуштиле доматите, со лажица направете четири дупки во смесата и во секоја ставете по едно јајце.
- Повторно вратете го капакот и гответе на средна температура 5-6 минути или додека јајцата не бидат готови.
- Тргнете ја тавата на страна, па ставете го сосот од билки што го направивте претходно.
- Декорирајте со ситно сечкан магдонос и семки од чили пиперче.
- Послужете го топло, со парчиња багет или тост лепче, но може да го послужите и со тортиљи или лепчиња по желба.
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера)
Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
-->