Сочен викенд ручек: Свински кременадли на скара со прелив од мед

Свинските кременадли со глазура од мед можете да ги пробате за продолжени викенди, и во текот на летната сезона, кога ќе правите скара со пријателите или семејството...

svinski-kremenadli-na-skara-so-preliv-od-med-01.jpg

Кременадлите на скара со прелив од мед и лук се подготвуваат лесно, но и многу брзо, за помалку од 40 минути. 

За да добиете вкусни и крцкави парчиња месо, важно е првите 2-3 минути месото да го печете на силен оган, а потоа да продолжите да готвите на послаб оган.

svinski-kremenadli-na-skara-so-preliv-od-med-02.jpg

На овој начин надворешноста ќе биде крцкава, а внатрешноста мека.

Забелешка: Наместо свински кременадли можете да изберете филе, ребра или друго месо по ваш вкус, но парчињата да бидат подебели.

Потребни состојки:

  • 400g мед
  • 60g соја сос
  • 8 чешниња лук, ситно сечкани
  • 1 лажичка мелен бибер
  • 6 парчиња свинско филе
  • Сол по вкус

svinski-kremenadli-na-skara-so-preliv-od-med-03.jpg

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете ги медот, соја сосот и лукот. Оставете ги да зовријат, па кога ќе почнат да се прават меурчиња, намалете го огнот и варете уште околу 5 минути, додека лукот не се свари.
  • Тргнете го садот од оган и додадете го биберот.
  • Кременадлите зачинете ги само со сол.
  • Ставете ги на загреаната скара од која излегува оган и печете ги по 1 до 2 минути од секога страна за да фатат кора.
  • Не додавајте ќумур во скарата и оставете да се повлече огнот, па продолжете да ги печете со постојано вртење уште околу 15 минути.
  • Кога ќе бидат готови, премачкајте ги со дебел слој од глазурата од мед и лук.
  • Послужете ги топли.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
4 вкусни рецепти за на скара, за оние што постат на 1-ви Мај Што можете да испечете на скара, а да не биде од животинско потекло? Како да го ...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Божиќните медењаци се традиција во мојот дом во Битола: Како се подготвуваат? Божиќните медењаци се приготвуваат едноставно и брзо, а притоа се вистинска ужи...
Рецепт за здрав и вкусен појадок: Чиа пудинг со праски и индиски ореви Ако сакате да пробате нешто ново и несекојдневно, тогаш овој рецепт за чиа пудин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg