Забавен начин како да подготвите јајца на око за „најпребирливите“ дечиња (видео)
Сите знаеме дека јајцата се мошне важен извор на протеини, па затоа лекарите препорачуваат тие да бидат редовно вклучени во исхраната на дечињата. Ова е еден забавен начин како да подготвите јајце на око за најпребирливите мали гурмани.
Кога станува збор за исхраната на децата, многу е важно нивната храна да биде и вкусна, но и примамлива на изглед, а оваа мајка нашла идеален начин како да му подготви јајца на своето мало дете.
Натали Борисенко редовно споделува видеа и фотографии од нејзиниот живот како мајка, а начинот на подготовка на јајца на око за синот привлече внимание на социјалните мрежи.
Сигурно малите дечиња ќе уживаат во тоа да ги јадат овие мини јајца на око, подготвени со многу љубов и трпение.
За да ги подготвите овие јајца ќе ви требаат два стерилни шприцеви и нелепливо тавче.
Потребни состојки: 1 јајце
Начин на подготовка:
- Јајцето се крши во подлабок сад;
- Во едниот шприц се зема малку белка, а во другиот малку жолчка од јајцето;
- На загреано нелепливо тавче се истиснува малку од белката на јајцето, а на средината му „се црта“ жолчка од шприцот во кој има жолчка;
- Јајцата се пржат од двете страни и може да му се сервираат на детето.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело